еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) 8-годишна теквондистка од Косово шамарана од тренерот, кој и е татко, оти изгуби на натпревар од Србинка

Вознемирувачка снимка од Европското првенство во таеквондо во Тирана, Албанија, на која се гледа како тренер шамара и влече 8-годишно девојче откако изгуби натпревар, го обиколи регионот и предизвика бројни негативни реакции.

Станува збор за 8-годишната Валина Фетиу, од Косово, која изгуби во финалето од Србинката Нина Савиќ, а нејзиниот тренер е татко и, Ваљмир Фетиу.

По инцидентот како што пренесуваат косовските и албанските медиуми Фетиу добил шестмесечна суспензија.

Таткото пак за косовските медиуми вели дека не ја удрил ќерка му, оти изгубила од Србинка, туку шамарот бил воспитен, односно да ја смири, бидејќи загубата ја зела при срце, плачела и врескала.

Фото/видео: Х

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 524 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Фото) Приведени три лица од фабрика за канабис во кочанско, запленети над шест килограми дрога

Редакција

Ковачевски: Секогаш кога СДСМ е силен и има јасна агенда, државата оди напред

Редакција