еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Видов дека го нема знамето и мислев да си заминам, но ќе направев скандал, објасни Сиљановска Давкова за инцидентот во Бугарија

Инцидентот со македонското знаме на средбата на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова со нејзиниот бугарски колега Румен Радев во Софија, Бугарија, со денови ја бранува јавноста во Македонија, а претседателката во интервју за телевизијата Сител даде свое објаснување што всушност се случило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто го нема македонското знаме на средбите на Сиљановска Давкова и Љутков во Бугарија?

Таа кажа дека видела оти го нема знамето, и мислела да си замине, но со тоа ќе направела скандал.

„Јас не знаев дека ќе треба да се сликам и во просторот каде што се одржуваат фотосесиите. Кога тргнавме ние, мислев дека ќе одиме во просторија за разговор, одеднаш кога влегов во просторијата ги видов двете знамиња и требаше да размислувам што да направам.

Во тој момент едната мисла беше дека можам да си заминам и тогаш ќе направев скандал, а другата беше дека домаќинот ги утврдил правилата и дека домаќинот, а не јас греши и дека што е подобро си велам“, кажа Сиљановска Давкова, која подвлече дека ако си заминела, посета немало да има, но и ќе имало нова сенка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот амбасадор одбил да ја прими протестната нота

За Радев посетата на Сиљановска Давкова не била ниту државна, ниту работна, затоа го немало македонското знаме

„Во тој момент, и покрај тоа што не знам што ми се случува во организмот, решив дека е подобро сепак да не правам скандал, значи не го направив јас скандалот и гафот, туку домаќинот веројатно направил превид или што јас очекував?

Јас очекував претходно да ми каже некој дека ќе има снимање за да можам јас да одговорам“, рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протесната нота на бугарскиот амбасадор ќе му биде доставена по дипломатски пат

Кој е бугарскиот амбасадор Радуков, кој одби да ја прими протесната нота на МНР за македонското знаме

Сиљановска Давкова отишла да пие кафе со Радев затоа немало македонско знаме, вели советникот на Радев

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европарламентот расправа за Извештајот за напредокот на Македонија

Редакција

ЕСМ склучи договор со „Спектартермо“ вреден 3,4 милиони евра

Редакција

Македонските Бугари се сретнаа со еврокомесарот Вархеји, му се пожалиле дека немаат дијалог со институциите

Редакција