еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Вранец Тероар 2020 Гранд Резерва, од Винарија Камник, доби трофеј за Најдобро автохтоно црвено вино, а Pure Elegance 2023 е добитник на трофеј за Најдобро розе вино на саемот Винска визија на Отворен Балкан, информираат од таму.

Покрај трофејните признанија, на овој натпревар Винарија Камник се здоби и со дополнителни два платинум, четири златни медали и десет други медали.

Со овие награди, Винарија Камник доби уште една меѓународна валоризација за создавање премиум вина, посочуваат од таму.

Во склоп на Саемот што се одржа изминатиот викенд во Белград, беа оценувани над илјада вина од меѓународно реномирани вински судии, вклучувајќи седум Masters of Wine, под претседателство на Каролин Гилби MW, експерт за балкански вина и вина од Југоисточна Европа.

„Во овие 20 години постоење, вештината и знаењето во создавањето софистицираност и елеганција изразени во сегментот на премиум вина, Винарија Камник ги издигна до највисоко ниво и потврда за тоа се бројните награди и освоени трофеи.

Токму овие признанија ја даваат дополнителната вредност на нашите вина, кои што се почесто се дел од винските листи на бројни ресторани во регионот, Европа и пошироко на странските пазари, и на тој начин го промовираат и македонското виногорје и квалитетните вина што ги имаме. За успехот создаван 20 години најзаслужен е целиот тим на Винарија Камник кој безрезервно е посветен на развојот на врвни вина“, велат од Винарија Камник.

-Винаријата Камник е еден од најуспешните македонски производители на вино и оваа година одбележа 20 години јубилеј, посветени на уметноста на создавање исклучителни вина.

Во овој период Винарија Камник го изгради реномето и лидерската позиција во производство на висококвалитетни премиум вина со повеќе од 25 различни етикети од сортите Syrah, Merlot, Cabernet Sauvignon, Cabernet Franc, Carmenere, Montepulciano, Sangiovese, Pinot Noir, Vranec, Pinot Grigio, Chardonnay, Sauvignon Blanc, Muscat Petit Grain, Moscato Giallo, Viognier, Greco di Tufo.

Во производството на своите вина, Винарија Камник применува иновативни енолошки процеси, во комбинација со традиционални техники. Приоритетно во создавање на вината на Камник е зачувување на автентичноста и уникатноста на македонскиот тероар. Со внимателното следење на процесот на зреење во буриња од француски и американски даб, Винарија Камник создава вина кои содржат единствени зачински ноти и елегантни, софистицирани вкусови.

Со значителните инвестиции во модернизирање на производствената технологија и во капацитетот, Винарија Камник достигна до годишно производство од 300 000 литри вино, и преработува повеќе од 500 тони грозје кои созреваат во 500 дабови буриња и дополнителни дабови танкови од поголем капацитет, велат од таму.

Винаријата располага со 40 хектари сопствени лозови насади, дел од кои се и 22 хектари на единствена локација, на 550 метри надморска височина, на микролокацијата Војница, каде што созрева исклучително ароматично и богато концентрирано грозје. Винаријата Камник изминатите години успеа да воспостави извозни релации со регионот, Европа, САД, Кореа, Бразил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле утре во Македонија

Редакција

Латас остана без пасош, со Лазаров добија и забрана за јавни настапи

Редакција

(Фото) „Алкалоид” пушти во употреба нова инвестиција вредна 1,8 милиони евра

Редакција