еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Вкусот на Карибите во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на бројни култури и традиции

В четврток, 12. декември, во Limak Skopje Luxury Hotel, ќе се одржи Карипска вечер на која извонредните готвачи на хотелот ќе ги покажат своите кулинарски вештини, подготвувајќи типични јадења од карипскиот регион, информираат од таму.

Карибите ги сочинуваат повеќе од 7.000 острови од кои најголем е Куба, па менито на Карипската вечер ќе содржи типично кубанско јадење од говедско месо, кое се смета за едно од националните јадења на оваа земја. Останатите специјалитети што ќе можат да се вкусат се одликуваат со карактеристични вкусови за Карибите, настанати под британско, шпанско, француско, холандско, африканско и креолско влијание. Токму ваквата разновидност ја прави карипската кујна исклучително оригинална и интересна.

Покрај специјалитетите кои се карактеристични за овој регион, посетителите на Карипската вечер ќе имаат прилика да ги вкусат и разновидните коктели во чија основа е румот, што е типичен пијалак за Карибите, каде се произведуваат повеќе од 70 различни брендови на рум. Овој пијалак многу често се користи за подготовка на коктели со тропски вкус и изглед, кои се одличен аперитив или придружник на карипските специјалитети.

На Карипската вечер ќе настапи танцовиот клуб „Desire“ и со звуците на латино музиката ќе ја долови карипската атмосфера – синоним за прекрасни плажи, автентична музика и разнобојни карневали.

Карипската вечер започнува во 20.30 часот, во Clover ресторанот на петтиот кат на Limak Skopje Luxury Hotel, каде можат да се добијат и сите дополнителни информации и резервации, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчката “Ејџијан„ нема да лета од Скопје до Крф, ги намали и летовите до Атина

Редакција

Интерпелацијата за Џафери – школски пример кога етничкото е пред Уставот и законите

Редакција

Фонд од Холандија сака да го купи мнозинскиот удел на клиниката „Жан Митрев„

Редакција