еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Владата ќе даде 20 милиони евра за подземна гаража кај плоштадот „Скендербег“ во Скопје

Владата на седница денеска одлучила да издвои 20 милиони евра за изградба на подземна гаража кај плоштадот „Скендербег“ во Скопје.

Станува збор за повеќегодишен проект кој предвидува изградба на 371 нови паркинг-места, распоредени на две подземни нивоа, со вкупна површина од 13 илјади метри квадратни, со адекватен број на паркинг места и за лица со посебни потреби, рече на прес-конференција првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Проектот за гаражата е готов, а тендерската постапка ќе се отвори наскоро. На почетокот на следната година се очекува и стартот за нејзина изградба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Запленети над половина тон дрога во две полициски акции на југот од земјава

Редакција

СЗО прогласи вонредна состојба на глобално нив поради корона вирусот

Редакција

Во Скопје повторно се протестираше за чист воздух

Редакција