еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата ќе остане на патот кон ЕУ, но без отстапки

Владата никогаш нема да отстапи од полноправното членство во Европската Унија (ЕУ), но никогаш нема и да направи нешто што е спротивно на националните интереси и стратешки определби на граѓаните, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција посветена на првите 100 од новата Влада.

-Ја уверувам македонската јавност за две работи. Како прво да веруваат дека оваа Влада нема да направи ништо спротивно на интересите на граѓаните, на националните интереси и стратешки правци на граѓаните. Нема никогаш да направи ниту една отстапка која ќе значи дополнително понижување и срам за македонските граѓани, без разлика, дали се тоа Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци или останати. Вие сте оние на кои им го должиме сето она кое што денеска го претставуваме. Вашиот интерес е наша заповед, а ние ќе фукционираме како ваши слуги.

Втора работа, втора моја порака е дека како Влада никогаш нема да отстапиме од нашата втора стратешка цел, а тоа е полноправно членство од ЕУ и ако треба ќе разговараме со кого било и ако треба ќе разговараме колку и да е потребно за да дојдеме до договор и компромис, кој е достоен, кој нема да повторно да ги повреди чувствата на македонскиот народ, но и на останатите кои живеаат заедно со него, рече Мицкоски.

Мицкоски кажа дека двете стратешки цели може да се реализираат и дека не се во конфликт една со друга, а прашан што Владата ќе преземе за продолжување на патот на евроинтеграциите, рече дека фокусот останува на ЕУ, на работата дома, на внатрешните реформи, но без дополнителни понижувања и отстапки.

– Ќе мора да се навикнете на македонски политичари кои не коленичат, не виткаат кичма и додека го ограбуваат својот народ не потпишуваат договори на штета на својот народ и на своите граѓани. Мора да се навикнете на политичари кои се грижат за своите граѓани, кои работат за своите граѓани чесно и одговорно, без истите да ги понижуваат, ограбуваат.

А фокусот на оваа Влада, како што кажав, останува кон ЕУ и исполнување на нашата втора стратешка цел, а тоа е полноправно членство во рамките на ЕУ.

Не сме сами, имаме многу пријатели, многу пријатели кои се дел од европското семејство.

Продолжуваме да градиме пријателства коишто се дел од европското семејство. Ако мислите дека треба да ги полираме чевлите на некои од политичарите и земјите-членки на ЕУ и дека тоа е начинот и правиот пат, простете јас не сум добар соговорник. Со мене може да се разговара само врз основа на аргументи, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се изживуваат врз нас и се испраќа лоша порака кон македонските граѓани, вели Мицкоски за раздвојувањето на Македонија и Албанија на европскиот пат

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МОН подготвен да пренамени дел од својот буџет за да се доближи до процентот на покачување на платите што го бара СОНК

Редакција

Игор Јадровски нов претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Редакција

Сергеј Самсоненко купи 5.000 акции од „Жито Полог“

Редакција