еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Водата во Берово не е за пиење

Водата од водоводната мрежа во Берово може да се користи само за техничка употреба, соопшти Јавното претпријатие за комунални работи Услуга – Берово.

Во соопштението од таму го пренесуваат известувањето од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) – Сектор за инспекциски надзор ПЕ – Берово.

– Се забранува на ЈПКР „Услуга“ Берово – водата од водоводната мрежа во Берово да се користи за пиење и готвење, се додека не се доведе во безбедна состојба, односно може да се користи само како техничка вода.

Исто така се наредува на ЈПКР „Услуга“ Берово да се изврши соодветна преработка за да може да се користи водата како вода за пиење, се вели во соопштението.

Согласно Решение бр.26-772 од 12.11.2024 година, се известуваат граѓаните од Берово дека водата од водоснабдителната мрежа поради отстапување од вредностите и стандардите за квалитет во однос на физичко хемиската анализа (зголемена концентрација на манган) во согласност со Правилникот за вода за пиење, не смее да се употребува за пиење и готвење. Водата може да се користи исклучиво само како техничка вода

– Ве известуваме во наредниот период водата да се користи само како техничка вода. Состојбата ќе трае се додека квалитетот на водата не се усогласи во границите кои ги пропишува Правилникот за вода за пиење и додека резултатите од лабораториските анализи направени од акредитирана лабораторија бидат согласно наведениот правилник, стои во соопштението.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе гради ли „Пуцко петрол“ висококатници на просторот кај „Алумина“ во скопски Карпош?

Редакција

Приведен сопственик на угостителски објект во Тетово поради непочитување на антиковид мерките

Редакција

Апел од МВР: Појава на „фишинг“ напади – обид за измама со цел неовластено прибавување на лични податоци од граѓаните

Редакција