еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во Белград плакати со Трамп и карта на „Голема Србија“ во која е и Македонија

Во центарот на главниот град на Србија, Белград, осамнаа плакати со американскиот претседател Доналд Трамп и американскиот милјардер Илон Маск и карта на „Голема Србија“ со порака “Да ја направиме Србија повторно голема“

Во „Голема Србија“ влегува и Македонија, но и Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и делови од Хрватска.

Зад истите стои конзервативното српско движење „Наши“.

Од таму велат дека „со оваа акција укажуваат на потребата Србија да си ја врати заслужената позиција на Балканот и во светот, како и да се исправат бројните историски неправди кои му биле нанесени на нивниот народ низ децениите“.

Движењето „Наши“ е крајно десничарска организација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави се примањата на членовите на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје лани

Редакција

(Видео) Вчера за ЕК беше македонски, денеска е “јазикот кој го зборуваат луѓето во РС Македонија”

Редакција

Судење „Таргет-Тврдина“: Мијалков вели дека нема ниту еден доказ дека „бомбите“ се од УБК

Редакција