еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во говор останува лично на секој како ќе го изговори името на државата, тоа прашање е апсолвирано, вели Гаши

Во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, прашан за употребата на уставното име на државата од страна на македонското раководство, вели дека тоа прашање е апсолвирано и дека во колоквијален пристап или говор останува лично на секој човек како ќе го изговори.

-Мислам дека нашите ставови се јасни. Свечената изјава при изборот на новата влада од тогашниот мандатар, а сега веќе премиерот, беше јасна. Тој го изговори уставното име на нашата држава и со тоа е апсолвирано тоа прашање. Во колоквијален пристап или говор останува лично на секој човек како ќе го изговори.

Мислам дека за премиерот, владата, министрите, во Собрание, тоа прашање е апсолвирано.

Мислам дека и нашите пријатели, Грција и пријателите од НАТО и од Европската Унија (ЕУ), знаат дека нашата заложба за членство во ЕУ е силна и ќе направиме се што е можно побргу да се зачлениме во Унијата, вели тој.

Прашан за уставните измени, вели дека не ја разбира политиката како условување.

-Не ја разбирам политиката како условување и начин на поставување на такви услови. Политиката е умешност на можното. Треба да се разговара што е можно, во какви рамки, дали е тоа во интерес на граѓаните. Треба да се водиме од интерес на граѓаните, од интересот на државата и во рамки на тие принципи и критериуми да се однесуваме сите заедно, вели тој.

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЈП со апел до граѓаните да не отвораат СМС пораки кои повикуваат на задолжителна пријава

Редакција

(Фото) Разубавување пред туристичката сезона: 600 чадори во боја го красат шеталиштето во Струга

Редакција

Евакуирани жители на неколку куќи од Кокино: Гори борова, дабова и нискостеблеста шума

Редакција