еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Во живо) Прва регионална Becutan конференција во Скопје: „Родителството некогаш и денес“

Во Скопје денеска се одржува првата регионална Becutan конференција: „Родителството некогаш и денес“.

Јавни личности и експерти од земјава и од регионот ќе дебатираат за згодите и незгодите во родителската кариера.

-„Tе сакам до небото и назад!“ А каде е границата? Дали таа постои? Што е мит, а што вистина во родителството и дали постои рецепт за совршен родител? Родителството е посебна животна улога која носи голема одговорност и која подразбира безусловна љубов, силна грижа, огромна храброст и безброј компромиси.

Разбирајќи ги потребите на модерните текови и предизвици на современото родителство, Becutan со особено задоволство го организира овој несекојдневен настан, во чиј фокус е грижата за секое дете уште од првиот ден на раѓањето, информира организаторот на конференцијата Алкалоид АД Скопје.

Сопствените примери и искуства низ непосредни тематски панел-дискусии ќе ги изнесат: Тарик Филиповиќ, Петар Бенчина, Сашко Коцев, Сања Кужет, Лејла Филиповиќ, Мирна МедаковиќСтепинац и Жарко Димитриоски.

Научните аргументи, пак, ќе ги застапуваат д-р Натко Бек, прим. д-р Марина Поп-Лазарова, прим. д-р Ирена Бралиќ, д-р Горан Вукомановиќ, прим. д-р Амра Јунузовиќ-Каљиќ и дипл. педагог Јелена Холцер.

Конференцијата е посветена на сите деликатни теми и важни предизвици со кои се соочуваат родителите денес и е достапна за сите заинтересирани од пошироката јавност.

Линкови за онлајнвклучување:

Facebook-профил на Becutan од 11 до 16 часот:

Instagram-профил на Becutan од 13 до 16 часот:

www.instagram.com/becutan_mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тајван стана првата земја во Азија што ги легализира истополовите бракови

Редакција

Германската Влада потврди дека Алексеј Навални е отруен со воен нервен отров

Редакција

Владата на Србија ја продолжи забраната за извоз на млеко, не важи за Македонија и Албанија

Редакција