еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во Капиштец ќе има засилена полиција и пајак-служба, со цел справување со вандализмот, сообраќајниот хаос и прегласната музика

Скопската Општина Центар ќе добие полициска помош и асистенција во справување со вандализмот, сообраќајниот хаос и прегласната музика во Капиштец, но и во другите населби во локалната самоуправа.

Ова било договорено со началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски на работниот состанок што се одржа на иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски.

„Претставниците на МВР, меѓу другото беа запознаени со последните инциденти во населбата Капиштец, дивеењето на хулиганите и уништувањето на детските игралишта, демолирањето на уличното осветлување и ограбување на комуналниот пункт во вечерните часови.

Општина Центар и официјално поднесе пријава до МВР, со пропратен материјал што би можел да помогне во истрагата. Договорено е полицијата да го зголеми присуството и патролите на терен,“ велат од Општина Центар.

Герасимовски на средбата го покренал и прашањето на локалите долж улицата Народен фронт, за прекумерната бучава и сообраќајниот метеж, за што беше поднесена и граѓанска петиција.

„Жителите на Капиштец побараа од нас да ги повикаме сите надлежни институции и министерства за да се стави крај на самоволието на угостителските објекти. Во таа насока со МВР договоривме да преземеме конкретни чекори за да им го вратиме мирот и на нив и на другите жители во општината кои имаат слични проблеми “, вели Герасимовски.

Во делот на сообраќајот и непрописното паркирање, договорено е Министерството за внатрешни работи да ги засили контролите на најфреквентните места и да биде обезбедена полициска асистенција за пајак службата на Општина Центар која ќе почне да делува и во трета смена, посебно во деновите пред и за време на викендите. Инспекторите на Општина Центар заедно со полицијата ќе делуваат засилено и во делот на регулирање на прекумерната бучава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ни казните не помагаат, за да се реши проблемот со гласната музика и дивеењето околу кафеаните во Капиштец

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во мај

Редакција

Пресуда за случајот „Меѓународен сојуз“: Боки-13 доби девет години затвор, Мандиќ четири, Ременски ослободена од обвинението

Редакција

Велешанец криумчарел 27 мигранти

Редакција