еМагазин
Image default
Локално

Во Кочани утре за родителите ќе се одржи работилница на „Макпетрол“ против врсничко насилство

Едукативна работилница за врсничко насилство, наменета за родители, утре (вторник, 5. ноември), ќе се одржи во младинската канцеларија „МКЦ” во Кочани. Почетокот е закажан за 18 часот, а настанот е дел од „Крени глас против врсничко насилство“, општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, информираат од таму.

Средбата е отворена за сите заинтересирани и од Виница и од Берово, како и од другите населени места во овие општини кои што се приклучија и ја поддржаа кампањата на македонската компанија.

Оваа едукативна средба, како и претходно одржаните три, ќе ја предводи актерот Сашко Коцев.

Стручниот аспект на проблемот ќе биде претставен и за него искуства ќе сподели психологот Деспина Стојановска, која во претходниот дел од кампањата на оваа тема имаше работилници со учениците низ цела Македонија.

Утре во Кочани ќе учествуваат и претставници на стручните служби од општинските основни училишта.

Изминатава година ученици во над 150 училишта се здобија со знаења за булингот преку работилниците овозможени од „Макпетрол“. Според неофицијални проценки, помеѓу 35,000 и 45,000 деца беа дел од овие едукативни средби. Општествено одговорната кампања на компанијата ја поддржаа и во неа активно се приклучија 26 општини со цел да дадат придонес во решавањето на овој проблем што сериозно ги засега младите генерации.

Како носечки дел на кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“, интернет-страницата kreniglas.mk содржи најразлични информации и знаења за булингот. Освен за младите, на овој вебсајт се достапни и едукативни прирачници наменети за наставници и за родители, како клучни лица кои што можат да помогнат при препознавањето и при решавањето на случаите со врсничко насилство. На оваа интернет-страница, исто така, секој може анонимно да ја сподели личната приказна, а преку интерактивен квиз може да открие какви познавања има на темата.

„Макпетрол“ со кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ реализира еден од своите долгогодишни стратешки приоритети, а тоа е општествената одговорност. Низ повеќедецниското постоење компанијата иницира или поддржува проекти со кои се обезбедува поддршка на заедницата. Значаен дел од општествено одговорните активности на „Макпетрол“ и во иднина ќе бидат младите генерации, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за двајца стружани кои и се заканувале на раководителка во општина Струга

Редакција

Mртва жена пронајдена во стан во Велес

Редакција

Девојка – фантом откриена во „Мерцедес“ на Блаце

Редакција