И владејачката ЗНАМ на Максим Димитриевски е против формирањето на Академија на Албанците за наука и уметност во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претходно и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ го посочија истото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Науката не треба да се политизира и етнизира, велат од ВМРО-ДПМНЕ за Академијата на Албанците
Димитриевски преку соопштение вели дека науката не смее да се политизира, ниту пак да се етницира, и дека таа има своја генеза и континуитет.
-Ваквите обиди и идеи се резултат на постизборен популизам.
Во Македонија постои МАНУ како една и единствена Академија која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен, посочува тој.
Тој вели дека партнерите во власта од “Вреди“ е потребно да се свртат кон економски раст и развој на државата, подобар живот на сите граѓани на Македонија и суштинска заложба во сузбивање на криминалот и корупцијата вклучувајќи ја и политичката корупција.
-За тоа е потребна и понуда на кадри со чисто минато без криминал и опашки, стои во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во една држава не може да има две национални академии, вели академик Камбовски
МАНУ треба да ги отвори вратите за Албанците, вели Меџити
Фото: ЗНАМ