еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Македонија се обучувале украински војници

Македонската министерка за одбрана, Славјанка Петровска во интервју за Македонската телевизија, откри дека во Македонија била реализирана обука на украински војници, по барање на Украина.

Првата обука на војници од Украина се реализирала на локации и во објекти на македонската Армија, а за истата немало информации досега од безбедносни причини.

„Се понудивме и веќе ја реализиравме првата обука, првиот тренинг на украински војници кои успешно ја завршија обуката во Република Северна Македонија во објекти, во локации, кои се сопственост на Армијата на Република Северна Македонија за што беше донесена соодветна одлука на Владата на Република Северна Македонија, а која од безбедносни причини ја соопштуваме откако таа заврши“, рече министерката. Петровска, која најави и нови обуки за украинските војници наредната година.

Таа рече и дека Македонија е во првите пет држави од членките на НАТО кои пружиле најмногу помош на украинската војска.

„Остануваме отворени доколку има потреба од донација на оружје или каков било вид на вооружување кое го поседуваме, а кое согласно прописите во нашата армија не е неопходно и може да биде дадено. Таква одлука нема двоумење дека ќе донесеме“, рече таа.

Македонија досега во десет наврати донираше воена и хуманитарна опрема за Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската армија ќе купува дронови

Украина бара нова воена помош од Македонија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров лови риби, Силјановска Давкова му порача дека тоа не се прави во фармерки и бела кошула

Редакција

Перински тврди дека го почитувал законот за Пречистителната станица, Арсовска најавува документи до Обвинителството

Редакција

Радев со писмо до ЕУ: Загрижен е за лобирањата за Македонија, резолуцијата на германскиот Бундестаг, извештајот на ЕУ за земјава

Редакција