еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Во октомври инфлацијата 3,5%

Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, бележи зголемување од 3,5%, а цените на мало бележи зголемување од 3,9%.

На месечно ниво инфлацијата во октомври во однос на септември е намалена за 0,7, а цените на мало се намалени за 0,1%.

Намалувањето на инфлацијата на месечна основа според ДЗС е резултат на пониските трошоците на животот во  групите: храна и безалкохолни пијалаци за 2,2%, ресторани и хотели за 1,5% и во групата рекреација и култура за 0,9%.

Зголемување на трошоците на животот е забележано во групите: алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3,4%, облека и обувки за 1,4%, транспорт за 0,7%, здравје за 0,3%, домување, вода, електрика, гас и други горива, разновидни стоки и услуги за 0,2%, и во групата мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и комуникации за 0,1%.

Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска протест на средношколците и студентите

Редакција

Во Јавна соба под мотото „Ментална хигиена“ се отвара Скопската недела на дизајн

Редакција

Лиле Стефанова и Наум Паноски избрани за обвинители во Републичкото обвинителство

Редакција