Мажи на возраст од 42 и 48 години загинаа во сообраќајка која утрово се случи на патот Гостивар-Кичево, информираа од СВР Тетово.
Во несреќата се судриле „ауди“ со странски регистарски ознаки управувано од 42-годишниот Е.З. од Кичево и „шкода“ со скопски ознаки, што ја управувал Ш.Н. (48) од тетовско Камењане.
„Во несреќата, од здобиените повреди, двајцата возачи починале на местото, а смрт констатирале лекари од гостиварската Итна помош“, информираа од полицијата.
Јавен обвинител и екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи извршиле увид на местото.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.