еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бројот на загинати во Цетиње се искачи на 12 лица, најголем дел од жртвите биле во роднинска врска со убиецот, кој се самоуби

Бројот на загинати во Цетиње, Црна Гора, се искачи на 12 лица, а убиецот Ацо Мартиновиќ се обидел да се самоубие кога го пронашла полицијата, по што подлегнал на повредите на пат кон болница.

Убиствата, според Обвинителството, биле направени на пет локаци, на две локации убил по четири лица, на третата две деца, а на останатите две по едно лице.

Според информациите од полицијата, убиецот бил во роднинска врска со жртвите.

Четири лица се тешко повредени и се хоспитализирани во Клиничкиот центар.

Мартиновиќ ѝ бил добро познат на полицијата. Пред две години бил уапсен поради поседување оружје и закани. Не се знае дали и на каква казна тогаш бил осуден.

Во 2005 година бил осуден за насилничко однесување.

Полицијата соопшти и дека во 2022 година биле преземени одредени мерки против него, меѓу кои и претрес, при што била пронајдена воздушна пушка, друго оружје и експлозиви. Мартиновиќ првостепено бил осуден на три месеци затвор, но пресудата не станала правосилна.

Во Црна Гора е прогласена тридневна жалост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тридневна жалост во Црна Гора поради масакрот во Цетиње во кој се убиени и две деца

Најмалку седум лица помеѓу кои и две деца се убиени во кафеана во Цетиње

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените на угостителските услуги продолжуваат да растат

Редакција

Каков имот пријавил Андон Чибишев, новиот директор на Токсикологија

Редакција

Цементарница Усје обвинета дека загадува, а фабриката не работи

Редакција