еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Гасот од Александрополис нема можност за влез во Македонија, велат од ЕСМ

Претходната Влада како покровител на потпишаните Меморандуми за ЛНГ терминалот и за гасната електрана Александрополис, влезе без претходна стратегија и разработен бизнис план, велат од државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) за почетокот со комерцијална работа на терминалот.

„Во моментов, согласно достапната документација, АД ЕСМ во проектот Александрополис има закупено само капацитет од 1,8TWh годишно односно 4,95GWh/ден, за период од 15 години.

Имено, поранешното раководство на АД ЕСМ преку ЕСМ Продажба закупило само половичен преносен капацитет за гасната година 2023-2024, но без можност за влез на гасот во Македонија, затоа што интерконективната точка Ќустендил – Жидилово, не била закупена за оваа година. Токму затоа, домашната компанија ќе забележи загуби од околу три милиони евра.

Прво и основно, во земјава сè уште нема гасна инфраструктура. Единствената интерконективна точка од која може да се донесе природен гас во земјава Ќустендил- Жидилово, Република Бугарија, е со ограничен расположлив капацитет од околу 5,1 GWh дневно, и притоа е изложен на огромна конкуренција. Од друга страна, интерконекторот Грција-Македонија сè уште не е изграден, како ни дистрибутивната мрежа во границите на Македонија.

Според фактите и моменталниот статус на проектот и информациите со кои располага ЕСМ, би сакале да ја информираме јавноста дека НОМАГАС сè уште нема стекнато 10% учество во сопственоста на ЛНГ терминалот Александрополис, ниту пак АД ЕСМ има сопственост од 25% во тамошната гасна централа, како што пренесуваат дел од медиумите,“ велат од ЕСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија доби нов извор на течен природен гас: Терминалот „Александрополис“ на Гастрејд започна со работа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да реагира и да се симне имунитетот на пратеникот на ДУИ, Адеми

Редакција

Левица: „Овој договор, во ниеден случај не значи коалицирање, и е со единствена цел – да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ“

Редакција

Топ 5 највисоки плати

Редакција