еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Германски тур-оператор ќе носи 35.000 туристи годишно од Европа, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека германски тур-оператор ќе носи 35.000 туристи од Европа годишно.

Станува збор за компанијата РСД од Германија, која што имала намера да развива културен туризам.

„Агенцијата „РСД“ има повеќе од 1 милијарда евра годишен обрт и таа покрај туризмот се занимава со други области како што се маркетингот, телекомуникациите, енергетиката, хотелиерството итн., значи претставува една голема сложена групација.

Од овој февруари ќе започнуваат да носат по еден практично авион секој ден туристи коишто ќе доаѓаат од Германија, Франција и од Велика Британија.

Тоа би значело дека според просекот којшто досега е направен врз искуствата во минатите години работа на оваа компанија, дополнително околу 30 милиони евра директни трошења овде кај нас од страна на овие гости коишто ќе не посетат или заедно ако тука го вкалкулираме и сместувањето и останатите трошоци, превозот и сл., можеме дури и да дојдеме и до бројката од 50 милиони евра,“ додаде тој.

Овие гости ќе бидат на балканска тура, која започнува со едно ноќевање во Скопје, потоа продолжува во Црна Гора, Албанија, потоа во Охрид, каде што исто така ќе има ноќевање и завршува со две ноќевања дополнителни во Скопје, што значи четири ноќевања во Македонија.

„Планот е да ги дуплираме тие чартер летови, да бидат два и три, но тоа ќе зависи од нас, бидејќи гостите имаат и свои побарувања во делот на квалитетот на сместувачките капацитети. Треба и ние како држава да подржиме таков тип на сместувачки капацитети коишто ќе бидат атрактивни за овој тип на гости, коишто би биле во поголем број, односно би ги дуплираме, па и ги триплирале во годините коишто следат.

Бројот на ноќевања на овие гости претставува практично од 10 до 15 проценти од вкупниот број на ноќевања коишто ги остваруваат странските гости во овој момент кај нас. Што значи ние ќе имаме додадена вредност од само една туристичка агенција од 10 до 15 проценти повеќе споредено со тоа што е состојбата во овој момент,“ рече Мицкоски.

Фото: ТАВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Нов сингл на Just RB & Nikifor, „A mami jo“

Редакција

Државата ќе плаќа отштета за смртта на двајца Роми во македонските затвори

Редакција

Проф.Трајковски: За две недели, стелт омикронот ќе има 100% удел во новите случаи со Ковид-19

Редакција