еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Голем еко-настан „Заедно за почиста општина“ на 3 ноември во паркот „Авионче“ во Аеродром  

Непрофитната компанија која управува со отпад од пакување и соработува со компании од голем број индустрии, „Еуро-Екопак“, заедно со општина Аеродром на 3. ноември (недела) во 12 часот ќе организира настан во паркот „Авионче“ во Скопје.

Активноста е дел од проектот CleanAirDrom и фокусот ќе биде кон собирање на отпадно стакло (шишиња, тегли итн.) за кое ќе биде поставена соодветна опрема. Воедно, посетителите ќе може да уживаат и во настапите на: дуото ДНК, детскиот хор „Поточиња“ и танц групата „Аква денс“.

Проектот CleanAirDrom го реализира општина Аеродром, а „Еуро-Екопак“ се вклучува како поддржувач и во рамки на активностите, поставени се машини за собирање пластични шишиња во девет училишта и две градинки. Секое шише има своја вредност и како директна субвенција се доделува на училиштето односно градинката во даден временски период, а на основа на предодредена програма која општината ќе ја донесе за таа цел.

Имајќи во предвид дека во општина Аеродром има 77.000 жители, над 2.500 деца во градинките и над 7.000 ученици во основните училишта, проценките дека на годишно ниво е дека можат да се овозможат и до 1.3 милиони денари за 11 училишта и градинки преку овој пилот проект. Колку повеќе се селектира, толку повеќе се донира за овие институции.

„Основана далечната 2011 година, „Еуро-Екопак” е општествено одговорна компанија која својот развој го заснова на реализација на плански утврдените цели, имплементација на законските обврски и остварување на национални цели. Стратешката определба на компанијата е градење и развивање на системот на примарна селекција на отпад, но и фокус на подигање на јавната свест кои заедно претставуваат основа на циркуларната економија.

Лојалноста кон компаниите членки на системот и определбата на перманентна комуникација и соработка преку запознавање со законските обврски кои компаниите се должни да ги реализираат е примарна компонента во планските активности на „Еуро-Екопак“ и во наредниот период.

Во таа насока ќе се стимулира развојот на процесите на примарна селекција на отпадот од пакување со вклучување и соработка со единиците на локалната самоуправа, јавните комунални претпријатија, вклучување на правните субјекти носители на лиценците за управување со отпадот, како и непосредната соработка со граѓаните како важни чинители во процесот на селекцијата,“ вели Лука Луковски, директор на „Еуро-Екопак“ кој веќе соработува со повеќе од 500 компании.

Проектот Clean AirDrom е финансиран од Европската Унија, ко–финансиран од Швајцарската агенција за поддршка и развој преку Министерството за локална самоуправа. „Еуро-Екопак“ веќе планира и голем број на други активности за подигање на јавната свеста во насока на почиста животна средина.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повик за одбрана: Потребни се луѓе на Водно за континуиран надзор и жив ѕид

Редакција

Енергетската криза го зголемува аерозагадувањето во урбаните средини, за кои до лани не беше карактеристично

Редакција

„Пошумуваме заедно за позелено утре“: dm дрогерие маркт заедно со своите вработени, волонтери и институционални партнери засадија нови 10 хектари земја

Редакција