еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Граѓаните возеа велосипеди и исцртаа мустаќ за подигање на свеста за машкото здравје на големиот настан на dm дрогерие маркт

Стотици граѓани во неделата (17. ноември) се собраа во Градскиот парк во Скопје за да ја подигнат свеста за значењето за машкото здравје и возеа велосипеди на настанот „Пуштам БРК, БРКам здравје“ организиран од компанијата dm дрогерие маркт, информираат од таму.

Севкупната активност беше составена од три сегменти: се возеше рута од 100 километри низ Скопје и околината во форма на мустаќ, рута од 3,5 километри низ Градскиот парк и активност пред Школка каде се возеа статични велосипеди.

Церемонијал мајстор на активноста пред Школка беше актерот Игор Ангелов, кој ги мотивираше присутните да ги вртат педалите на статичните велосипеди и да го дадат максимумот при исцртувањето на еден голем мустаќ на LED екран.

dm дрогерие маркт за сите присутни без разлика на која активност се вклучуваат подготви подароци.

Воедно, се дегустираа и органски dmBio закуски подготвени од нутриционистот Симона Коруновска, а сите заинтересирани можеа да си ја обликуваат брадата и мустаќите од искусен бербер. За сите присутни беше подготвена и вода и овошје за енергија.

Од компанијата велат дека се особено среќни што втора година по ред се приклучуваат на глобалното движење за подигнување на свеста за машкото здравје – Movember, а сѐ поголемиот одзив на традиционалната велосипедска рута во форма на мустаќ зборува за тоа колку од година во година тие навистина влијаат врз отворањето на оваа табу-тема.

dm ја продолжува својата мисија и понатаму. По повод месецот на машкото здравје, во сите dm дрогерии до 24. ноември со купени производи за нега на мажи во износ над 799 денари, ќе добиете подарок Movember маица со која ќе придонесете за ширење на пораката за важноста на машкото здравје, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По Кунстхале Виена, изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје” се отвора во Прага

Редакција

(Галерија) Дерма фест 3.0 повторно исполни со убавина и здравје

Редакција

Македонскиот филм „Скаут“ селектиран на престижниот фестивал „Л.А. Шортс“ во САД

Редакција