еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Грејната сезона во Скопје започнува на 15. октомври

Од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), денеска информираа дека грејната сезона во Скопје за сите приклучени на мрежата за централно греење ќе почне на 15. октомври 2024 година, со исти услови како и претходно, односно со загарантирана температура од 21 степен Целзиусов и греење во периодот од 6:00 до 22:00 часот.

Доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени, тогаш грејната сезона може најрано да почне од 1. октомври и да заврши најдоцна до 30. април.

Од таму апелираат до станарите, односно заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници.

Во исто време РКЕ и со официјален писмен допис побарал од снабдувачите со топлинска енергија информација за спремност за старт на грејната сезона.

– Согласно последната одлука од 1. август 2024, сметките за топлинска енергија за домаќинствата се пониски за  3,16 отсто, додека  околу 1.200 фирми, училиштата и институции  кои се приклучени на централното градско греење ќе имаат пониска цена за 17 отсто, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 23 факултети на УКИМ има слободни 10.473 места

Редакција

Комерцијална банка лани оствари добивка од 29 милиони евра

Редакција

Во октомври раст на индустриското производство од 1,7%

Редакција