еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Груби контра САД, бил „чист како солза„

Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, кадар на опозициската ДУИ му контрора на американскиот Стејт департмент, кој го стави на „црната листа“ за примање мито.

Вели дека бил „чист како солза“.

Иако е „чист„ решил да се повлече од политичкиот живот и за тоа го информирал лидерот на партијата Али Ахмети, кој не се огради од него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети не се оградува од Груби

На Фејсбук напиша дека ја донел таа одлука оти несакал да биде ничиј политички товар и дека одлуката ја донел за мир на неговото семејство и зачувување на личниот интегритет.

„Ова е тешка одлука, но неопходна за мир на моето семејство и за зачувување на мојот личен и политички интегритет, како и за поддршка на континуитетот на работата и посветеноста на нашиот лидер Али Ахмети“, пишува меѓудругото Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, ќе се истражува и кој ги поткупил

Колку е „чист“ ќе проверува и македонското Јавно обвинителство, кое отвори предмет за него и за судијата од Апелациониот суд Скопје, Енвер Беџети, кој се најде со него на „црната листа„, како и за тој што ги поткупил за да влијаат за судските процеси за поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Артан Груби, кој е ставен на „црната листа„ на САД

„Кај нас за Артан Груби нема судски процес за корупција„: Одлуката на САД да го стави функционерот на ДУИ на „црната листа„ хит на Х

(Видео) Реакцијата на Османи и Адеми кога дознаа дека Груби е ставен на „црната листа“ – хит на социјалните мрежи

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавен оглас за нови членови и претседател на Антикорупциска

Редакција

Курто Дудуш, градоначалникот на Шуто Оризари нападнат во просториите на Општината

Редакција

Боки 13 со прашања до Русковска во отворено писмо: „Колку пати Камчев за „Империја“ бил во кабинетот на Заев, одговорот го имате во мојот телефон“

Редакција