еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Денеска посебен сообраќаен режим низ скопските улици поради Бадниковата манифестација

СВР Скопје информира дека денеска по повод Христијанскиот празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи Бадникова манифестација во склоп на Бадникови Поворки и свечен собир на Кумовите бадникари на платото на Соборниот Храм Св. Климент Охридски, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадникови Поворки со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Петар Дејлан“, десно по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.

„Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти,“ се вели во соопштението.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запознајте ги членовите на ДИК: Која е Дитмире Шеху

Редакција

Поради оперативно-тактичка вежба посебен режим на сообраќајот во Скопје

Редакција

Државата ќе ги преземе ингеренциите во градежништвото од Струга и од Охрид

Редакција