Поранешниот директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски, кадар на СДСМ, поради истрага на Управата за финансиска полиција за наводна проневера на пари, остана без пасош, а повремено треба да се јавува и во суд.
Засега нема официјални информации за случајот, а ТВ Алфа објави дека станува збор за наводна проневера на пари во ТИРЗ Штип и ТИРЗ Струмица, вредна два милиони евра.
Претходно Деспотовски даде исказ во Основно јавно обвинителство Скопје и демантираше дека бил приведен, како што објавија дел од медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Деспотовски, поранешниот директор на ТИРЗ, кој остана без пасош
Фото: Фејсбук/Деспотовски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.