еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Убиената 29-годишна жена од Штип била удирана со тупаници, па задавена: Детали од Обвинителство

Убиената 29-годишна жена од Штип од страна на нејзиниот вонбрачен партнер била удирана со тупаници, па била задавена.

Јавното обвинителство сподели детали за случајот кој ја потресе македонската јавност и отвори истрага против 33-годишен маж, кој е осомничен за убиството.

Осомничениот на 1. ноември во попладневните часови, при вршење семејно насилство со умисла ја лишил од живот неговата вонбрачна партнерка.

-Откако со жртвата се договориле да се сретнат во помошен објект на ЈП Исар, каде и претходно често се среќавале за да разговараат за проблемите во нивната врска, меѓу нив настанала расправија, по што осомничениот физички ја нападнал.

Ја удирал со тупаници, па ја фатил за вратот, ја турнал на подот и со двете раце ја притискал и давел подолго време додека жената не престанала да дава знаци на живот. Потоа самиот се пријавил во полициската станица во Штип, велат од Обвинителството.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, а се работи и за претходно осудувано лице, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип доставил предлог за определување мерка притвор.

Судот го прифатил предлогот и определил притвор за осомничениот во траење од 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

29-годишна девојка од Штип убиена од нејзиниот партнер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гореше „ауди“ на улица „Јуриј Гагарин“ во Скопје

Редакција

СЈО за шест месеци потрошило 113,5 милиони денари

Редакција

Звучни имиња на бизнисмени и фирми на новата листа должници на УЈП

Редакција