еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Децата оваа сезона ќе можат да скијаат по пониски цени и со една ски карта во целиот регион

Ресорт Маврово интензивно се подготвува за новата зимска сезона и за првите гости и скијачи во 2024/2025 година, информираат од таму.

Во оваа насока, пуштени се во претпродажба сезонските карти за скијање во т.н. Super Early Bird понуда, која трае до денеска.

„Новитети, годинава, се тоа што покрај стандардните сезонски карти, подготвен е  пакет 1+1, односно карта за возрасен и карта за младинец или дете со попуст до 60 проценти на втората карта. Тие се во комбинација скијач + скијач или жичарница + скијач.

Од годинава во Super Early Bird понуда се тридневните (три последователни дена) pre-paid ски карти за возрасни, млади и деца со голем попуст. Менаџментот на Ресорт Маврово одлучи годинава во Super Early Bird цената на детската карта да изнесуваат 1.200 денари,“ велат од Ресорт Маврово.

Како и минатата година, сезонски карти од Ресорт Маврово повторно ќе важат три последователни дена во скијачките центри – Копаоник, Златибор, Стара Планина, Колашин и Бјелашница.

„За секој што поседува сезонска карта за скијање обезбедуваме и 10% попуст во Маврово и Скопје кај „Friends of Mavrovo“. На овој начин, обезбедуваме сериозни заштеди за децата и за семејствата, надевајќи се дека што повеќе деца и млади ќе скијаат во новата сезона“, вели Огњан Циговски од Ресорт Маврово.

Онлајн продажба на скијачките карти се врши на skipass.resortmavrovo.com, повеќе информации се достапни на интернет страницата resortmavrovo.com.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Прв работен ден на министерката Нина Ангеловска: Три „опасни блондинки“ дискутираа за државните финансии

Редакција

Уапсени се сите осум лица за упадот во М-НАВ

Редакција

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничувањето на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

Редакција