еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Долгот за вода може да се плати без камата до 31. јули

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек.

„Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 20.06.2024 заклучно до 31.07.2024  година.

Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање.

Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес,“ се вели во соопштението.

По истекот на овој период одлуката престанува да важи.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министре Дураки ич да не жалите, фатете се за работа и заработете си ја платата

Редакција

Изградбата на првите два километри од автопатот Скопје-Блаце, доцни заради проблеми со експропријацијата

Редакција

ТАВ го пречека првиот комерцијален лет на GullivAir од Софија на скопскиот аеродром

Редакција