еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

До 1. јули ќе има субвенција за струјата

До 1. јули ќе има субвенција за струјата за граѓаните, преку државното ЕСМ, најави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според него во одредени месеци, субвенцијата ќе се зголемува, а тврди и дека нема да има зголемување на цената на струјата за првиот и за вториот блок на потрошувачи.

– На пример во јануари, во февруари, имаме помало производство на електрична енергија од страна на фотонапонските централи, а од април до октомври ќе се намали, што на крајот на година со пресметките, методологијата на Регулаторната комисија за енергетика, ќе биде истата цена и нема да има зголемување за одредени блокови.

Значи, граѓаните да бидат спокојни дека нема да има зголемување за првиот и за вториот блок. Спротивно, ќе има намалување на давачката за дистрибутивната мрежа, изјави Бектеши.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитриос Пасхос е нов главен извршен директор на ОКТА, Вук Радовиќ назначен за нов претседател на Одборот на директори

Редакција

Без разлика на исходот за уставните измени, Ковачевски останува на ставот дека изборите треба да се одржат во редовниот термин

Редакција

Македонската почва не е толку загадена за да биде ризик по безбедноста на храната, вели професорот на Земјоделски факултет, Чукалиев

Редакција