еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

До 31. август летен режим на сообраќај за тешките товарни возила

На државните патишта во Македонија, до 31. август ќе има летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешките товарни возила со вкупна маса над 15 тони, во текот на викендите и во деновите при екстремно високи температури.

Забраната се однесува за следните термини: петок од 17 до 22 часот, сабота од 9 до 18 часот и недела од 9 до 22 часот.

На магистралниот пат А2-делница Скопје – Охрид – Скопје е забрането движењето на тешките товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони, во текот на викендите, и тоа во петок од 15 до 22 часот, во сабота од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и во недела од 7 до 22 часот.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина притвореник кој бил хоспитализиран на комплексот клиники „Мајка Тереза“

Редакција

Сите детали: Дилери удриле со автомобил во воз бегајќи од полицијата

Редакција

Комерцијална банка преговара со повеќе инвеститори за купување на имотот и опремата на Еуроникел

Редакција