еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

ЕОС Матрикс со успешна 2024 година и нова иновација – апликацијата „My EOS“  

ЕОС Матрикс, лидер на секундарниот финaнсиски пазар во Македонија, го заокружува успешното работење во 2024 година со претставување на иновативната апликација „My EOS“, информираат од таму.

Оваа нова дигитална алатка овозможува корисниците да управуваат со својата финансиска состојба на лесен, достапен и сигурен начин.

Апликацијата „My EOS“ е развиена на корисниците да им обезбеди брз пристап до нивните финансиски податоци, како што се проверка на износот на задолжувањата, статусот на документите, следење на плаќањата и реализација на нови трансакции. Потребен е само уред со интернет пристап за корисниците да имаат целосна контрола врз своите финансии, без временски ограничувања.

„Годината што изминува беше особено посветена на иновации и дигитални решенија кои носат значајни придобивки  за нашите клиенти и корисници. Со воведувањето на апликацијата „My EOS“, ние продолжуваме со остварувањето на нашата основа цел – да ги промениме животите на луѓето на подобро, овозможувајќи им ефикасно управување со нивните финансии“, изјави Катерина Бошевска, извршен директор на ЕОС Матрикс за Македонија и Косово.

Компанијата останува посветена на обезбедување на највисоките стандарди за заштита и безбедност на личните податоци, што го покажува и имплементацијата на меѓународниот стандард ISO 27701:2019. Со воведување на новата апликација, ЕОС Матрикс продолжува да ги поставува најсовремените стандарди за дигитализација и безбедна комуникација во македонскиот финансиски сектор, посочуваат од таму.

Во текот на 2024 година ЕОС Матрикс успешно затвори близу 3.000 случаи на задолжувања, со што помогна многу семејства во новата година да влезат без долгови. Со ова, вкупната досегашниот број на затворени случаи надмина 30.000, со што компанијата ја потврдува водечката улога на пазарот.

„Во 2025 година планираме да продолжиме со вложувања во одржливи решенија и нови технологии. Нашите приоритети вклучуваат одговорна наплата, финансиска одржливост, заедничкиот напредок на корисниците, клиентите и нашите вработени и, секако, на заштитата на животната средина, кои истовремено се нашите материјални теми од рамката на ЕCГ-стандарди и нашиот избор од целите за одржлив развој на ОН“, додаде д-р Бошевска.

ЕОС Матрикс Македонија е дел од Групацијата ЕОС која е присутна на повеќе од 20 пазари и управува со портфолио инвестиции од околу 510 милиони евра. Големото искуство и експертиза што го поседува оваа Групацијата го применува и ЕОС Матрикс Македонија, благодарение на што компанијата во континуитет помага во развојот на секундарниот финансиски пазар во земјава, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јутарњи: Дел од Косово ќе припадне на Србија, дел на Косово! Ќе го уништат ли така мирот Тачи и Вучиќ: Следи БИХ, па Македонија…

Редакција

„ГА-МА“: Сите учесници на пазарот на природен гас мора да бидат одговорни и да ги почитуваат законските прописи

Редакција

(Видео) Двајцата македонски државјани кои вчера беа однесени од морските струи на Халкидики се уште не се пронајдени

Редакција