Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов, е дел од престижната листа ТОП 25 за 2025 година, во категоријата Бизнисмени, подготвена од регионалната медумска мрежа Bloomberg Adria.
Листата ТОП 25 за 2025 година ги вклучува најистакнатите бизнисмени и компании од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и од Босна и Херцеговина.
Изборот беше направен во вкупно пет категории – компанија, бизнисмен, визија, идеја и влијание – од локалните редакции на Bloomberg Adria.
Клучен критериум за номинациите беа постигнувањата на поединците, визионерите и на компаниите, чии достигнувања и идеи ја обележаа 2024 година, како и нивното потенцијално влијание во годините што следуваат.
-Ова е уште едно признание за успешното работење на компанијата Алкалоид АД Скопје, која со својата посветеност за одржлив развој, општествено одговорно однесување, иновации и поставување нови стандарди продолжува цврсто да го трасира патот кон глобален раст и визија за создавање одржлива иднина, велат од Алкалоид.
Целата листа може да ја погледнете ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ