Жител на Скудриње вчера бил однесен починат во болницата во Тетово, а од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека е уапсена неговата невенчана сопруга, која се обидела да избега во Албанија.
Се работи за Ј.А., кој имал 67 години.
Неговата партнерка Џ.Б. (53) од Албанија е задржана во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка, велат од МВР, без да посочат дали дали таа се доведува во врска со смртта на нејзиниот невенчан сопруг и дали постои сомневања околу нејзината верзија за начинот на кој се случила несреќата.
Според пријавеното во полицијата, мажот паднал од дрво и починал додека со неговата партнерка собирале костени.
Откако бил однесен во болницата, Џ.Б. ја напуштила болницата и во 17.10 часот била лишена од слобода на граничниот премин Џепиште.