еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За што е обвинет таткото на Вања, на кого ќе му се суди за нејзиното грабнување

Од Кривичниот суд Скопје вчера соопштија дека е одобрен обвинителниот акт за обвинетите за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На таткото на Вања ќе му се суди за грабнување, приговорите на обвинетите одбиени

Меѓу обвинетите е и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, на кој ќе му се суди за нејзиното грабнување.

Тој моментално е во домашен притвор, а од Јавното обвинителство е обвинет за помагање во нејзиното грабнување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се обвинетите за убиството и грабнувањето на Вања и Панче

Како била киднапирана и убиена Вања?

Ѓорчевска е киднапирана во влезот од зграда на улицата „Наум Наумовски Борче” во Скопје.

-Откако претходно обвинетиот татко на оштетеното дете, преку првоосомничениот (Љупчо Палевски Палчо, н.з.) дал упатства за времето кога девојчето ќе излезе само за да оди на училиште, тројцата сега обвинети дошле пред влезот на зградата каде живее оштетеното дете.

Со штрафцигер ја отвориле вратата од влезот на зградата, па кога жртвата излегла од лифтот, ја фатиле, ја совладале и ја врзале, заканувајќи и се да не вика затоа што ќе пукаат. Ја ставиле во вреќа за спиење со подотворен патент и со автомобил ја однеле во близина на местото викано „Дупки”, во атарот на селото Бразда, стои во обвинението.

Таму на свиреп начин, со умисла ја лишиле од живот, така што првоосомничениот и нанел огнострелна повреда со истрел од пиштол со калибар 9 милиметри, а обвинетите го закопале телото во претходно ископана дупка.

-Потоа на нива покрај земјен пат, во атарот на селото Бразда, го запалиле автомобилот „Цитроен” со велешки регистарски таблици, за што употребиле бензин во туба што го набавил еден од обвинетите, информираа пред неколку месеци од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јас сум на два света, ќе донесам лична одлука дали ќе се придружам на постарата ќерка, вели таткото на Вања

Таткото на Вања наводно прашувал дали камерите го фатиле автомобилот со кој била киднапирана

Обвинение за четири лица за убиството на Панче и Вања, таткото помогнал во грабнувањето

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петнаесеттина странски медиуми акредитирани за известување од изборите

Редакција

Заев вели дека ништо не менаџирал со Боки 13

Редакција

Во техничката влада секој акт и документ мора да биде потпишан од министерот и заменикот, во спротивно не важи

Редакција