еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Здравко Трајанов нов в.д. директор на „Национални шуми“

Владата му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие (ЈП) за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ да го избере Здравко Трајанов за в.д. директор на „Национални шуми“.

-Трајанов е редовен професор на Шумарски факултет во Скопје, во областа Искористување на шумите, механизација во шумарството и други, по предметите “Шумски транспорт“, “Отворање на шумите“, “Вовед во градежништво“, “Парковски инфраструктурни објекти“, “Влијание на активностите врз животната средина“, “Феријална пракса“.

Трајанов во 2001 година бил член на Бордот на директори на ШИК Плачковица – Радовиш (претставник на државниот капитал).

Во 2006 година бил надворешен советник во ЈП Македонски шуми, а бил и учесник во работната група за трансформација на ЈП Македонски шуми во 2013 година.

Трајанов бил советник во Советот на Општина Радовиш, како и пратеник во Парламентот од 2020 до 2024 година.

Тој има посетувано бројни обуки и има објавено голем број на научни и истражувачки трудови во областа на шумарството, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гоце Димовски назначен за в.д. директор на ТИРЗ

Сашо Клековски назначен за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување

Оливер Миланов нов в.д. директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реконструкцијата на Универзална сала ќе ја преземе Министерството за култура

Редакција

Против државата се водат арбитражни постапки во вредност од 1,365 милијарди евра, последните две покренати во јули и август

Редакција

(Фото) Започна изградбата на источното крило на железничкиот Коридор 8

Редакција