еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Здравствените установи ќе работат без прекин за време на министерскиот Самит на ОБСЕ

Министерството за здравство информира дека одлуката 29 и 30. ноември да бидат неработни денови за сите вработени во државната и јавната администрација во Скопје поради одржувањето на 30. министерски Самит на ОБСЕ не важи за вработените во здравствените установи.

„Здравствената заштита ќе се одвива континуирано и непрекинато за сите пациенти како и досега, и истата нема да влијае на достапноста на здравствена заштита на населението.

Поради одржувањето на овој важен министерски состанок, медицинските установи се задолжени во овие денови да имаат обезбедено дежурни лекарски екипи и друг медицински персонал со потребни простори и опрема за укажување на медицинска помош, односно да бидат во состојба на подготвеност со своите капацитети.

Правните лица со дејност здравствена заштита лоцирани во Скопје, потребно е мерката прва медицинска помош да ја извршуваат во согласност за стандардните оперативни процедури на Дирекцијата за заштита и спасување.

Триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ ќе биде 24 часа покриен со присуство на екипи и од Итната медицинска помош,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Како хрватскиот претседател Милановиќ го пречека македонскиот колега Пендаровски

Редакција

Запознајте ги членовите на ДИК: Која е Елизабета Постоловска

Редакција

Само во Македонија: Опустошиле шума за да си пробијат пат без дозвола

Редакција