еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зекиров, поранешниот телохранител на Мијалков доби оштета од на 50 илјади евра поради отказ во МВР

Призма објави дека поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Ален Зекиров, добил оштета од над 50 илјади евра, оти бил незаконски отпуштен од Министерството за внатрешни работи (МВР) во 2018 година.

Причината за отказот на Зекиров било тоа што сторил потешка дисциплинска повреда со учество во упадот во македонското Собрание на 27. април 2017 година.

Зекиров во 2020 година поднел тужба против решението на МВР, Граѓанскиот суд пресудил дека е во право, а апелациските судии лани во февруари ја потврдиле пресудата.

Судиите пресудиле дека не само што Зекиров незаконски добил отказ, туку дека има право да се врати на работа, а државата требало да му исплати 99 илјади денари за трошоци за водење на постапката.

На 15. октомври на Зекиров му биле исплатени нешто над 51 илјада евра како надомест на штета поради неисплатени плати и придонеси за време на престанокот на работниот однос, објави Призма.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новата влада ќе води принципиелна политика со соседите, нема беспредметно да ги иритираме, вели Мицкоски

Редакција

Греење ќе има – гас и топлинска енергија се навремено набавени за цел декември, велат од ЕСМ

Редакција

Детален преглед: Кои се десет најчести машки и женски имиња во Македонија?

Редакција