еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Зимски „МакеДокс“ почнува со проекции во „Котур“

Здружението за промоција на документаристика, по успешната реализација на јубилејното 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ и Патувачкото кино, своите активности ги продолжува со серија проекции распоредени во четири блокови во рамки на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“.

Првиот блок проекции ќе се одржи на 11 и 12. ноември, со почеток во 20 часот, во Кафе и кино „Котур“. На програмата се документарните филмови „Акаса, нашиот дом“ (Романија, Германија, Финска / 2019 / 86’) на режисерот Раду Чорничук и „Нема да исчезнеме“ (Украина, Франција, Полска / 2023 / 100’) на Алиса Коваленко.

Филмот „Акаса, нашиот дом“ носи трогателна и внимателно осмислена приказна за гентрификацијата, видена низ очите на семејство кое се обидува да се приспособи на нов наметнат живот. Цели дваесет години семејството Енаш – 9 деца со нивните родители – живеат во барака во букурешката делта: напуштен резервоар на вода, еден од најголемите урбани природни басени во светот, со езера и стотици видови животни и ретки растенија.

Кога властите ќе решат да го земат овој екосистем под свое, семејството Енаш мора да се пресели во градот – реалност за која не знаат ама баш ништо. Деновите минати во природа сега ќе ги заменат денови на асфалт, пливањето во езерото ќе се замени со седење в клупа, а в раце наместо рибарски мрежи децата ќе држат мобилни телефони.

Документарниот филм „Нема да исчезнеме“ следи група тинејџери од Донбас, кои се на прагот на зрелоста и имаат сон да го освојат светот. Иако оддалеку татнат пукотници и експлозии, тие не губат надеж и, сепак, решаваат да го следат својот сон да патуваат, кој на крај се претвора во реалност.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице е потешко повредено при пукање во Чаир

Редакција

Без осуда од ЕУ за бугарските клубови со контроверзни имиња, евроамбасадорот Гир не сака да толкува историја

Редакција

Бугарската црква ја призна македонската црква, за името допрва ќе одлучува

Редакција