еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЗК Пелагонија го платил долгот кон штипски Бетон, нема да има стејчна постапка

Од ЗК Пелагонија АД Битола информираа дека го платилe долгот кон Бетон Штип, со што како што велат од таму е отстранета причината за поведување на стечајна постапка.

-Комбинатот продолжува со своето редовно работење и финализирање на есенската сеидба. Во моментов се посеани 6.500 ха есенски култури, што во услови на незапаметена суша во последните  години е голем успех за сите вработени и за Kомбинатот, кој и покрај ниските приноси и финансиски приходи од пролетните култури, успешно ќе ја заврши сеидбата на пченица.

Сакаме да информираме дека последниве три години се соочуваме со голема суша, намалени приноси како резултат на климатските промени и екстремно ниски цени на земјоделските производи што не доведоа во ситуација да се соочиме со намалена ликвидност.

Очекуваме дека во нареден период ќе се зголеми свеста во Македонија за важноста на нашата дејност, производството на храна и дека и државата и банките ќе имаа посериозен пристап за помош и развој на оваа важна стопанска гранка, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постапка за стечај за ЗК Пелагонија на барање на штипски Бетон

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска бара да се покрене иницијатива за кривично гонење против тројца градоначалници на Демир Хисар

Редакција

Струмички Грозд со добивка во првите девет месеци

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на општина Сарај за набавка на горива вреден 51.000 евра

Редакција