еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Зошто складирањето на електрична енергија со батерии е важно за Македонија?

Складирањето на електрична енергија со батерии е од клучно значење за иднината на енергетскиот сектор во Македонија, особено во контекст на зголемувањето на обновливите извори на енергија.

Како што земјата преминува кон поголемо учество на обновливите извори на енергија, постои потреба за ефикасни решенија кои ќе обезбедат континуитет во снабдувањето со електрична енергија. Батериските системи играат важна улога во управувањето со нестабилноста на овие извори, овозможувајќи чување на вишокот енергија за употреба во периоди на недостаток.

Владата го смета секторот за енергетика за значаен во поглед на развојот на државата и има најави за развој на инфраструктурата за складирање на електрична енергија.

Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се изготвуваат законски можности кои ќе овозможат батериски системи за складирање на електрична енергија, а според добро упатени извори, во рамки на Царинската управа се разгледува опцијата и за намалување на тарифите за увоз на батерии, што би можело да поттикне инвестициски проекти во овој сегмент.

Инвестицијата на Акуо Енерџи во соларниот парк во Штип е пример за проекти кои ќе имаат корист од вложувањето во батериски системи. Со планиран капацитет од 400 MW, овој проект ќе овозможи производството на електрична енергија за околу 94 000 домаќинства и ќе придонесе за намалување на зависноста од увоз на електрична енергија. Успешната реализација на овој проект би можела да создаде нови работни места и да ја стимулира економија во источниот регион.

Значајно е што инсталирањето на батериски системи не само што ќе ја подобри ефикасноста на постоечките обновливи извори, туку и ќе привлече нови инвестиции во енергетскиот сектор. Овие системи ќе обезбедат стабилност и сигурност во снабдувањето со електрична енергија, што е од клучно значење за економскиот развој на Македонија.

Имајќи ги во предвид најновите трендови во енергетиката, Македонија е на пат да стане пример за успешна транзиција кон зелена енергија во која батериските системи за складирање сигурно ќе имаат важен удел.

Фото: Акуо Енерџи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска со иницијатива до Обвинителството за поведување кривична постапка против екс градоначалникот Георгиевски и актуелниот Садики

Редакција

Игор Камбовски и Стевчо Јолакоски избрани за членови на НО на Стопанска банка Битола

Редакција

Починатиот маж од коронавирусот во Штип имал двострано воспаление на белите дробови

Редакција