еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Иднината на платежните решенија е веќе тука: НЛБ Банка, прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк

НЛБ Банка е прва и единствена банка на пазарот која воведува PayByLink или „Плати преку линк“, опција за онлајн плаќање со VISA и MasterCard платежни картички што му овозможува на клиентот да плаќа за добра и услуги преку линкот испратен до него од страна на трговецот, информираат од таму

Продавачот може да креира линк за плаќање и да ја испрати до купувачот преку е-маил, или други електронски комуникациски канали кои овозможуваат транспарентно информирање и безбедно купување.

Следејќи ја својата стратегија за дигиталално банкарство, НЛБ Банка воведува нова функционалност за онлајн плаќање која, во динамичниот и дигитален свет, уште повеќе ги олеснува трансакциите за клиентите и трговците, посочуваат од таму.

PayByLink е особено погоден за малите e-трговци кои сакаат да се присутни во online продажбата, но не се во можност да развијат сопствена web продавница и истата да ја интегрираат со банка.

Практично, со оваа услуга, банката му овозможува на трговецот „виртуелен“ начин за прифаќање на платежни трансакции засновани на картичка, за кој не е потребно техничко знаење за користење, а самиот процес на креирање на линкот е брз и едноставен.

Кога трговецот креира линк за плаќање, обезбедува информации за производот или услугата за која се плаќа, количината и цената, и тој веќе ја има подготвено нарачката за клиентот. Клиентот го отвора линкот, ја проверува содржината на нарачката и, доколку е се во ред, ги внесува деталите за својата картичка и го комплетира плаќањето.

PayByLink е сигурен сервис и на исто безбедносно ниво заштитен како и класичниот виртуелен ПОС терминал.

За да ја користат услугата, трговците треба да имаат сметка во НЛБ Банка, да потпишат договор со Банката, врз основа на кој им се овозможува пристап до порталот за користење на оваa услуга и креирање линкови, кои понатаму можат да ги споделуваат со своите купувачи преку соодветните канали за комуникација.

До 25. мај, 2025 година, клиентите можат да ја искористат промоцијата на НЛБ Банка, да активираат PayByLink, пришто ќе добијат 6 месеци бесплатно користење на услугата од датумот на активација на истата.

Повеќе информации за услугата и начинот на активирање, клиентите можат да добијат на www.nlb.mk,  во експозитурите на Банката или преку Контакт центарот на 02/15600.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Русите ќе им се „стемни“: Централната банка на Русија ја покачи референтната камата од 9,6 на 20%

Редакција

На интернет се споделуваат лажни наградни игри, граѓаните да бидат внимателни со кого споделуваат лични податоци, апелираат од МВР

Редакција

Детален преглед: Целосно отсечени села и непроодни патишта поради снежните врнежи

Редакција