еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Извлечен маж заробен во длабока тиња и кал во близина на Пчиња

Денеска, пред зори, кумановски пожарнкари неколку часа извлекувале лице заглавено во длабока тиња и кал, познато меѓу луѓето како жив песок во акција опасна и за заробениот човек и за спасителите – пожарникарите, инфоримираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Конкретно, покрај кумановскиот дел од реката Пчиња, имаше комбинирана спасителна акција на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица и Итната медицинска помош од Куманово. Тим кумановски пожарникари, на чело со командирот на смена Сашо Илиевски, од околу 4 часот па до 7 часот утрово беа во спасувачка акција.

Итниот случај на 112 во ЦУК го пријавил риболовец, којшто ги слушнал повиците за помош на лицето кое покрај реката заглавило во длабока тиња и кал,“ велат од ЦУК.

Ситуацијата била опасна. Како што возрасниот маж сакал да се самоизвлече се повеќе пропаѓал во живиот песок. Горниот слој бил исушен, а надолу како да немало дно.

„За среќа тимот пожарникари брзо и на време стигнал до оддалеченото место од пристапен пат. Лицето било речиси до рамењата и вратот пропаднато. Лицето било снеможено и на крај на сили.

Пожарникарите успеале да го фатат со јажињата од нивната опрема и полека почнале да го извлекуваат, но било потребно и нивно доизвлекување, бидејќи и тие тонеле полека во меката почва. Еден со друг тимски си помагале, етапа по етапа и се извлекле од живиот песок,“ информираат од ЦУК.

Откако пожарникарите го извлекле мажот, тој речиси се се онесвестил.

„Додека едни го носеле на специјална даска за носење, други со секири го расчистувале патот пред нив за да се пробијат до пристапниот пат кадешто ги чекала Итната медицинска помош. Настраданиот е жив, но многу истоштен и снеможен од долготрајното заглавување. Тој е веќе во болница во Куманово и е надвор од животна опасност,“ информираат од ЦУК.

Фото/видео: 360 степени/ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за жителка на дебарското село Отишани за непочитување на решение за самоизолација

Редакција

Тендер „тежок“ 82.000 евра: Град Скопје купува патнички возила

Редакција

Селмани: Очекуваме претседателот во својот кабинет да има советник Ром/ка

Редакција