еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Имотот на Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко петрол„ кој доби домашен притвор, под лупа на Обвинителството, што пријавил татко му?

Асмир Јахоски, сопственикот на фирмата „Пуцко петрол„ и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, доби домашен притвор за кривичното дело Перење пари и други приноси за набавката на мазут со сомнителен квалитет и потекло за ТЕЦ Неготино.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко петрол“ доби домашен притвор?

Оваа предизвика реакции во јавноста, а од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и Основниот кривичен суд Скопје, дадоа различни толкувања за причините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Капушевски во притвор, Јахоски во домашен притвор

При донесувањето на решението за таквата одлука од ОЈО ГОКК, од каде што тврдат дека барале затворски притвор, појаснија дека било земено во предвид дека тој е старател на негови четири деца, од кои три биле малолетни, дека имал оформени цврсти врски со државата и сопствена фирма со повеќе вработени, како и дека неговата здравствена состојба била нарушена.

Од таму исто така информираа и дека ќе анализираат каков движен и недвижен имот има осомничениот Јахоски, заради евентуална конфискација.

еМагазин разгледа каков имот пријавил неговиот татко до Антикорупциската комисија, кој е државен функционер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Капушевски и Јахоски осомничени за злоупотреби при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино вредна 167 милиони евра: Детали од Обвинителството

Каков имот пријавил Исмаил Јахоски

Долга е листата на недвижен имот кој го пријавил на негово име.

Во Кичево има деловна зграда од 326 метри квадратни, во Скопје има стан во Карпош од 69 метри квадратни, друг недвижен имот од 251 метри квадратни, неколку парцели градежно изградено земјиште…

Недвижен имот пријавил и во Пласница, земјоделско земјиште во Преглово, Пласница, Дворци…

На свое име пријавил и оружје, а пријавил и неколку побарувања по основ на заем и закуп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кај кого МВР при акцијата за отровниот мазут најде и оружје?

Пријавил и кредит, кој според податоците кои ги дал би требало да е вратен.

Има и приходи од закуп и подзакуп.

Си ја пријавил и платата која ја зема како пратеник.

Интересно, во неговиот анкетен лист нема пријавено никакво возило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Ратко Капушевски, кој заврши во притвор за набавката на мазут

Детали од МВР за апсењето на Капушевски и Јаоски: Запленето и оружје

Кои други лица освен Капушевски, Јаоски и Ковачевски се опфатени со истрагата за набавката на мазут

Фото: Економија и бизнис/Фејсбук/Јахоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Мадона ја почна светската турнеја, и на 65-годишна возраст покажа дека се уште е поп кралицата

Редакција

Која е Весна Јаневска, кандидат за министер за образование

Редакција

Професор од Кавадарци бесплатно нуди интернет математика во време на изолација поради коронавирусот

Редакција