еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Инфлацијата во декември 4,4%

Државниот завод за статистика информираше дека трошоците на животот во 2024 година, во однос на 2023 година, бележат пораст од 3.5 %, а цените на мало од 3.8 %.

Во декември 2024, пак, во споредба со истиот месец од 2023 година, трошоците на живот се зголемени за 4.4 %, а цените на мало за 4.3 %.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2024 година е различно кај одделни групи на потрошувачката.

Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 9.9 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 7.6 %, Здравје за 5.3 %, Разновидни стоки и услуги за 5.1 %, Рекреација и култура за 4.9 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 3.8 %, Облека и обувки за 3.1 %, Комуникации, Храна и безалкохолни пијалаци за 2.9 %, Транспорт, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1.4 % и Образование за 0.2 %.

Движењето на индексот на цените на мало во 2024 година, исто така, било различно кај одделни групи производи. Пораст на индексите е забележан во сите групи: Земјоделски производи за 7.1 %, Услуги за 5.0 %, Пијалаци за 4.0 %, Индустриско-прехранбени производи за 3.5 %, Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 2.1 %.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, изнесуваше 0.3 %. Зголемувањето на инфлацијата во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 4.8 %, Рекреација и култура за 1.7 %, Ресторани и хотели за 0.4 %, Облека и обувки за 0.2 %, Разновидни стоки и услуги за 0.1 %.

Во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Комуникации за 0.4 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.2 %.

Трошоците на животот во групите: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, Домување, вода, електрика, гас и други горива, Здравје и образование остануваат на исто ниво, како и во претходниот месец.

Цените на мало во декември 2024 година во однос на ноември 2024 година бележат раст од 1.2 %.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со хронична и здравствена состојба, 27,5% од заболените со коронавирусот во Македонија

Редакција

(Фото) Македонците несвесни за убавината на земјата: Голем Град вистинска реткост

Редакција

Рот: Бугарија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и да го признае македонското малцинство

Редакција