еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Истрага за убиството на Орхан Бајрам – Оки во Ханиоти, осомничен е 33-годишен маж

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага за убиството на Орхан Бајрам – Оки, еден од водачите на скопската криминална група „Дуќанџик“, кој беше убиен лани во Ханиоти, Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен во Ханиоти

За неговото убиство е осомничен 33-годишен маж, за кој медиумите пред неколку месеци објавија дека е член на друга скопска криминална група – „Барон“.

-Осомничениот 33-годишник, на 15. јули 2023 година, во Ханиоти, Република Грција, заедно со уште едно засега непознато лице, со умисла го лишиле од живот сега покојниот Орхан Бајрами, а ги довеле во опасност и животите на уште четири лица.

По претходен договор, осомничениот и неговиот соизвршител маскирани пристигнале во туристичкиот комплекс каде била сместена жртвата и се приближиле до отворената задна балконска врата.

Осомничениот од огнено оружје – пиштол „Црвена застава“ со калибар 7,65 мм со пригушувач испукал 11 куршуми, а неговиот соучесник со пиштол од ист калибар уште 8 куршуми во правец кон оштетените. Од куршумите, три завршиле во телото на сега починатиот, нанесувајќи му смртоносни повреди, информираа од Обвинителството.

Од таму информираат и дека грчките истражни органи имаа издадено налог за апсење на осомничениот, како и Европски налог за апсење и меѓународна потерница поради сомненија за кривични дела – Намерно убиство со соучесништво и Обид за сериско и соучесничко убиство на територијата на Грција, но со оглед на тоа што станува збор за македонски државјанин за кого не постои можност за екстрадиција, грчките власти го отстапиле кривичното гонење на македонското Обвинителство.

Јавен обвинител до Кривичниот суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиен таткото на Гани Туша, осомничениот за убиството на Орхан Бајрами – Оки 

(Фото) Кој е осомничениот за убиството на Орхан Бајрами – Оки и за двојното убиство во Шиша бар во Старата скопска чаршија

Криминалци најавуваат ликвидации на Тик Ток, прво за Оки, сега за Раде Трајковски – Штекли

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште тројца пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 156

Редакција

Советникот на ДУИ, Усеини и неговиот брат се во притвор: По шест дена бегство сами се пријавиле

Редакција

СЗО: Лицата кои немаат симптоми на корона вирусот, ретко ја шират инфекцијата

Редакција