еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

И Путин му понуди на Трамп ретки минерали од Русија, но и од окупираните делови на Украина

Додека се чека финализирање на договорот помеѓу САД и Украина за ретките минерали кои американскиот претседател Доналд Трамп ги побара од земјата во замена за помошта што ја добива од САД, и рускиот претседател Владимир Путин му понуди вакви минерали на неговиот американски колега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Минерали како гаранција за помошта што САД и ја дава на Украина, побара Трамп

Путин нуди да ги продаде руските ретки минерали на американски компании, вклучително и на оние од делови на Украина, кои ги окупираше Русија.

– Подготвени сме да работиме со нашите партнери, вклучително и со Американците, изјави Путин за руските медиуми.

Тој додаде дека Русија би можела да продолжи да им продава алуминиум на САД.

– Ние, несомнено, да нагласам, имаме значително повеќе ресурси од ваков вид одошто има Украина, рече меѓудругото Путин.

Според податоците на Геолошкиот институт на САД, Русија е петта во светот по големина на резерви на ретки метали, по Кина, Бразил, Индија и по Австралија.

Украина пак има огромни резерви на клучни суровини, од литиум до титаниум, кои се од суштинско значење за модерната технологија и се во голема побарувачка во глобалната трка по ресурси.

Има и големи резерви на јаглен, нафта, гас и ураниум, но значителен дел од овие ресурси се наоѓаат на територија под руска контрола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ќе добие ретки минерали од Украина во вредност до 350 милијарди долари

И ЕУ сака од „критичните суровини“ на Украина

Фото: Кабинет на Путин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот на МАНУ, Коцарев: Ако ја изгубиме нацијата, не ни треба европска интеграција

Редакција

Вклучете се во акцијата за бесплатно сместување и активности за социјално загрозени деца, деца со посебни потреби и деца на самохрани родители

(ВИДЕО) Пастрмки заплеткани во мрежи во Охридското Езеро за време на местрење

Редакција