еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи

Панче Тошковски е новиот министер за внатрешни работи.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциска комисија кога стана министер.

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле новите членови на Владата, за кои се достапни податоци, односно и досега извршувале некаква државна функција, па имале законска обврска да го пријават истиот.

Тие што не извршувале досега функција, податоци за имотот до Антикорупциската комисија ќе треба да достават во рок од 30 дена.

Каков имот пријавил

На свое име пријавил стан и деловен простор во скопски Центар, како и две парцели градежно неизградено земјиште во Ајватовци.

На име на сопругата пријавил стан во Злокуќани.

Вози Волво и Опел.

На име на сопругата и децата пријавил орочени депозити.

На нејзино име пријавил и кредит од 9,8 милиони денари, кој треба да се врати до 2047 година, а пријавил и приходи од закуп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Стефан Андоновски, новиот министер за дигитална трансформација

Каков имот пријавила Гордана Димитриеска Кочоска, новата министерка за финансии

Каков имот пријавил Изет Меџити, новиот прв вицепремиер и министер за екологија

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за организаторите на „27 април“ одложено за 26 февруари: Обвинетите бараат увид во доказите

Редакција

Димитри Трповски избран за нов член на Управниот одбор на ТТК Банка

Редакција

Нов рекорд: 1.085 случаи на Ковид-19, во Скопје 447

Редакција