еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Љупчо Димовски, новиот вицепремиер за политички систем

Љупчо Димовски, лидерот на Социјалистичката партија на Македонија е новиот вицепремиер за политички систем.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциска комисија кога станал пратеник. Сега ќе треба да поднесе нов.

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле новите членови на Владата, за кои се достапни податоци, односно и досега извршувале некаква државна функција, па имале законска обврска да го пријават истиот.

Тие што не извршувале досега функција, податоци за имотот до Антикорупциската комисија ќе треба да достават во рок од 30 дена.

Каков имот пријавил

Пријавил стан во Скопје од наследство, но не навел чив е.

Вози Фолксфаген Тигуан, а на име на сопругата пријавил возило Форд Фиеста.

На свое име пријавил и уметнички и колекционерски предмети, пријавил и девизни депозити од наследство, но не навел чиви се, а на име на сестра му пријавил заем, кој според податоците кои ги дал тогаш, треба да е вратен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Гордана Димитриеска Кочоска, новата министерка за финансии

Каков имот пријавил Владо Мисајловски, новиот министер за одбрана

Каков имот пријавил Златко Перински, новиот министер за локална самоуправа

Фото: Димовски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Историчарот Ѓоргиев: Историјата мора да остане надвор од политичкиот процес меѓу Скопје и Софија

Редакција

Поевтинува мазутот, цените на другите горива остануваат исти

Редакција

САД ги поздравија напорите на Франција за тргање на бугарското вето, подготвени се да го олеснат компромисот

Редакција