еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Како работеше Стопанска банка Битола, за која Комерцијална започна анализа за можно присоединување, во првиот квартал

Стопанска банка АД Битола е во фокус на јавноста откако од Комерцијална банка АД Скопје вчера информираа дека започнува процес на длабинска анализа за можно спојување на двете банки.

И од Стопанска банка Битола ја потврдија таа информација, а првична најава за оваа спојување од банките дојде лани во септември.

ПОВРЗАНИ БЕСТИ

Стопанска банка Битола потврди дека се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална

Ќе се присоедини ли Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка?

Стопанска банка Битола вчера преку Македонската берза го објави и финансискиот извештај за работењето во првите три месеци од годинава, кој покажува дека остварила добивка пред исправка во износ од 44,35 милиони денари, што претставува годишен раст од 8,94 % во споредба со истиот период од 2023 година.

Нето-приходите од камати во првиот квартал од 2024 година се пониски за 2,66 милиони денари, односно за 2,41 % споредено со истиот период од минатата година.

-Приходите од камати се повисоки за 4,95 милиони денари, односно 3,52 %, додека расходите за камати бележат годишно зголемување од 7,62 милиони денари, односно 24,92 % во услови на значајно проширување на депозитната база поради растот на долгорочното денарско штедење на физичките лица, како и раст на депозитите од финансиски правни лица.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се пониски за 3,16 милиони денари, односно за 9,13 % споредено со остварените во периодот 1.1.- 31.3.2023 година. Притоа кај приходите од провизии и надоместоци беше евидентирано годишно зголемување од 0,93 милиони денари, додека расходите пораснаа за 4,09 милиони денари, главно поради повисоки расходи за провизии во делот на картично работење.

Нето-приходите од курсни разлики се позитивни во износ од 5,02 милиони денари и не бележат значајни годишни промени во апсолутен износ.

Останатите приходи од дејноста се повисоки за 1,81 милиони денари споредено со првиот квартал од 2023 година поради остварени поголеми капитални добивки од продажба на преземен имот.

Според проценките за квалитетот на кредитното портфолио и во согласност со измената на Одлуката за управување со кредитен ризик, која стапи на сила од 1.1.2024 година, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесува – 94,36 милиони денари. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето-основа изнесува -1,72 милиони денари, што во целост произлегува од оштетување за преземениот имот.

Трошоците за вработените бележат зголемување од 5,54 % во споредба со првиот квартал од претходната година.

Останатите расходи од дејноста се пониски за 15,76 % следствено на преземените мерки за оптимизација на трошоците, а амортизацијата е пониска за 10,32 % на годишна основа, информираа од Банката.

Банката во првото тримесечје на 2024 година остварила одлични ликвидносни показатели со учество од 40 % на ликвидната актива во вкупната актива, што е далеку над просекот од околу 30 % на ниво на банкарски сектор, посочуваат од таму.

-Исто така, Банката има силна капитална позиција со стапка на адекватност на капиталот од 22,93 % што исто така е значително над просекот од околу 17,0 % на ниво на банкарскиот сектор, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку пари потрошила лани Стопанска банка Битола за плати за менаџментот и вработените

Стопанска банка Битола лани со раст на добивката за 50,79%

Измени и во Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Милошоски вели дека „бомбите“ се од времето на Мијалков, на Заев му порача дека ќе го отвори како пупка

Редакција

(Галерија) Зимска бајка во ресторан „Оскар“ во Нижеполе

Редакција

(Фото) Заев и Борисов на опуштена прошетка низ Дубровник

Редакција