еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кога Косово ќе ги екстрадира Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, осудени во случајот „Монструм“

Ништо ново конкретно нема во случајот за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово, кои во Македонија се осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското езеро во април 2012 година.

Македонија неколку пати досега бараше нивна екстрадиција, тие и беа уапсени во Косово пред неколку години, но беа пуштени.

Прашан за нивната екстрадиција, косовскиот премиер Албин Курти, на вчерашната прес-конференција со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски во Приштина, рече дека косовскиот и македонскиот министер за правда работеле на тоа што поскоро да се реши прашањето за нивна екстрадиција.

– Тие комуницираат директно меѓусебе и се залагаат да го решат што поскоро ова прашање со оглед на тоа што се работи и за прашање на судови, на јавни обвинителства. Ние сме во ситуација кога имаме наследено старо прашање, и ова наследено прашање налага законски, судски третман, рече Курти, додавајќи дека двајцата министри даваат максисмум за што поскоро да се реши ова прашање.

– Да им дадеме уште малку време на двајцата и да го решат овој проблем, рече Курти.

Мицкоски рече дека го поддржува она што го кажал Курти.

Кај Смилковското Езеро беа убиени момчињата Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, и рибарот Борче Стевковски.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Под притисок на јавноста Владата ги повлекува предлог-измените за ограничување на протестите

Редакција

100.000 швајцарски франци пронајдени во пантолоните на возач на гостиварски автобус

Редакција

(Фото) Голем јубилеј на Архитектонскиот факултет – Скопје: 75 години носител на изградбата на државата и нацијата

Редакција